Утрински Весник
Спорт

Лестер е на врвот во Англија, нова мизерија за Челси

Лестер е на врвот во Англија, нова мизерија за Челси

„Кошмарот“ за Френк Лампард и за навивачите на Челси продолжи, откако на гостувањето на „Кингс пауер“, неговиот тим беше декласиран при 2:0 победата на Лестер, за „сините“ да го доживеат третиот пораз во последните пет меча и да останат 9 поени зад новите лидери, Лестер сити.

Вилфрид Ндиди уште во четвртата минута ги донесе домаќините во водство, за Џејмс Медисон во 41. минута да зголеми на 2:0, резултат од кој немаше враќање за Челси. Лестер ја контролираа играта во првото полувреме, а Челси се жалеа што досудениот пенал во 38. минута беше преименуван во слободен удар по проверката со ВАР системот. Во второто полувреме, Челси имаше повеќе од играта и поседот на топката, меѓутоа не можеше да направи ништо повеќе, а ВАР повторно им го сврте грбот, кога во 86. минута го поништи голот на Тимо Вернер (кој влезе како замена) поради офсајд ситуација.

Лестер сега се први со 38 поени, пред Манчестер јунајтед со 37 (и натпревар помалку) и Манчестер сити со 35 (и два натпревари помалку), додека Челси се само осми со 29 поени.

> Лестер е на врвот во Англија, нова мизерија за Челси <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига