Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ленгле ги налути Каталонците: Пуштете го пеш да се врати во Барселона и потоа дајте му отказ

Ленгле ги налути Каталонците: Пуштете го пеш да се врати во Барселона и потоа дајте му отказ
Img 7972

Клеман Ленгле со насмевка пријателски разговара со Роберт Левандовски, а Гави со солзи во очите го напушти теренот во Минхен. Оваа сцена најдобро ја отсликува ситуацијата во која се наоѓа Барселона.

Гави е дете на клубот, му се предвидува голема кариерата, Ленгле е легионер, кој веројатно со душа сака да замине од клубот кој се наоѓа во длабока криза на сите полиња.

Веројатно, Ленгле синоќа вчера си го потпиша отказот. Можно е во зимскиот преоден рок да биде продаден.

Неговиот пријателски разговор со Левандовски наиде на голема осуда во каталонските медиуми и кај навивачите.

„Ленгле ако го гледаш ова – ти се човек без срам. Го носиш грбот со кого се поистоветуваат милиони навивачи. Денес плачевме, не можевме да спиеме, не можевме да вечераме, а утре ќе бидеме нервозни. А што направи ти, се смееш една минута по завршувањето на натпреварот. Немаш срам“, рекол поранешниот фудбалер Џорди Џота, кој работи како новинар во „Ел Чирингито“.

„Јас да се прашував, ќе го натерав пеш да се врати во Барселона. А кога ќе дојдеше во Барселона веднаш би му го раскинал договорот. На крајот не е виновен Ленгле, но…Болно е ова“.

Барселона со поразот од Баерн во Минхен, прв пат по 2000 година, не успеа да се пласира во осмина-финалето, во Лигата на шампионите. На пролет, Барселона, ќе се натпреварува во Лига Европа.

> Ленгле ги налути Каталонците: Пуштете го пеш да се врати во Барселона и потоа дајте му отказ <

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг