Утрински Весник
Свет

Лекувањето на Навални во берлинската болница чини околу 70.000 евра

Навални закрепнува и планира да се врати во Русија

Рускиот опозиционер и блогер Алексеј Навални во интервју рече дека неговото лекување на клиниката „Шарите“ во Берлин ќе чини околу 60 или 70 илјади евра, и дека на секој што ќе помогне да се плати оваа сметка јавно ќе му биде објавено името.

Блогерот додаде дека за него тоа е огромна сума пари и дека нема 70 илјади евра да плати за лекувањето, но дека има луѓе кои се подготвени да помогнат во плаќањето на неговото лекување.

Тоа е прво видеоинтервју на Навални по инцидентот со неговото наводно труење.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во Хонг Конг