Утрински Весник
Свет

Лекот РЛФ-100 покажува позитивни резултати кај тешко заболените од коронавирус

Лекот РЛФ-100 покажува позитивни резултати кај тешко заболените од коронавирус

Швајцарската компанија и нејзиниот американски партнер објавија дека нивниот лек РЛФ-100 (авиптадил) покажува позитивни резултати кај пациенти со коронавирус, кои имаат тешка клиничка слика.

Ова го соопштија компаниите Relief Therapeutics и NeuroRx, а директорот на компанијата Relief Therapeutics рече дека е оптимист кога станува збор за лекот за пациенти со коронавирус.
Тоа е РЛФ-100, или авиптадил и тие се надеваат дека ќе добијат одобрение за третман со овој лек во следните неколку месеци.

Швајцарската групација ги поседува правата на лекот во САД и Европа, а нејзиниот американски партнер NeuroRx спроведува клинички испитувања на лекот во таа земја врз пациенти заразени од коронавирус кои се сериозно болни.

Американската администрација за храна и лекови претходно одобри авиптадил за итен третман на тешки пациенти со Ковид-19 и покрај тоа што тие не се дел од клиничкото испитување спроведено од NeuroRx. Двете компании во заедничко соопштение објавија дека лекарите го завршиле својот прв извештај за закрепнување на пациенти кои користеле РЛФ-100 за време на третманот за коронавирус.
Во извештајот се наведува дека маж (54) кој се заразил со Ковид -19 е отстранет од механички апарат за дишење по четири дена третман со РЛФ-100.

Слични резултати подоцна се забележани кај повеќе од 15 пациенти, според лекарите од болницата во Хјустон кои ги лекувале овие пациенти. Во изјавата на двете компании исто така се тврди дека независни истражувачи од Бразил објавија дека авиптадил го блокира разможувањето на коронавирусот во човечките белодробни клетки и имуните клетки, јавуваат регионалните медиуми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија