Утрински Весник
Спорт

Леклер: Не знам што се случи, но многу сум разочаран

Dik 300x250 mk

Ферари остана без бодови на денешното гранпри на Азербејџан, откако ниту Шарл Леклер ниту Карлос Саинц не успеаја да ја завршат трката. Тоа беше петто и шесто напуштање на болидите на Ферари оваа сезона, што најверојатно ќе ги остави без двете титули.

Прв кој се откажа беше Карлос Саинц, чиј болид „заглави“ веќе во деветтиот круг од трката, а најверојатно се работи за проблем со сопирачките. Ферари остана со само еден болид, оној на Шарл Леклер, кој мораше да се откаже во 20. круг кога од задниот дел на болидот се изви густ бел чад.

Леклер водеше на трката пред Макс Верстапен во тоа време, но имаше еден влез во боксот помалку и Холанѓанецот веројатно ќе го заземеше првото место дури и ако возачот на Ферари не мораше да се откаже. Ова беше второ повлекување на Леклер во последните три трки. Во Баку имаше пол-позиција, која уште на стартот му ја препушти на Перез.

„Само слушнав некој звук. Мораме да истражиме што е тоа за да не се повтори. Немам зборови да опишам колку сум разочаран. На почетокот на сезоната бевме многу брзи и немавме проблеми и сите промените што ги направивме беа добри. Не разбирам што се случи“, рече Леклер по враќањето во боксот.

> Леклер: Не знам што се случи, но многу сум разочаран <

Можете да прочитате

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации

Кошаркарите на Пелистер ја извојуваа својата прва европска победа