Утрински Весник
Свет

Лекар од Бања Лука силувал пациент по тешка сообраќајна несреќа

Лекар од Бања Лука силувал пациент по тешка сообраќајна несреќа

Основниот суд во Бања Лука го потврди обвинението против познатиот доктор од овој град, Дарко Голиќ за кривично дело сексуално вознемирување на пациентот М.Ѓ.

Повикувајќи се на наоди од Обвинителството во Бања Лука, локалните медиуми пишуваат дека резултатите од истрагата потврдиле постоење на основано сомнение дека д-р Голиќ извршил кривично дело против 36-годишниот пациент М.Ѓ., инаку татко на две деца, кој бил хоспитализиран во Клиничкиот центар на Република Српска по сериозна сообраќајна несреќа.

„Преку вештачење на Институтот за судска медицина утврдено е дека ДНК на осомничениот Голиќ е пронајдена на повеќе примероци, и тоа на пациентот М.Ѓ, потоа на креветот на оштетениот, неговите наочари, како и на пелените за возрасни“, соопштил неименуван извор од истрагата.

Обвинителството тврди дека врз основа на сите собрани докази произлегува оти на 19 јануари минатата година, од 19 до 22 часот, осомничениот д-р Голиќ, како раководител на Клиниката за анестезиологија, ревматологија, интензивно лекување и терапија при УКЦ на РС во Бања Лука, извршил обљуба на пациентот М.Ѓ, при што бил затекнат од двајца здравствени работници.

Според информациите, пациентот некое време бил во кома, од која се разбудил, но не можел да се одбрани од половиот напад бидејќи бил врзан за креветот, што е вообичаена постапка за спречување на самоповредување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бројот загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 18, кон Москва лансирани 430 украински дронови

На Куба почна обнова во снабдувањето со струја по колапсот на електроенергетската мрежа

Лидерите на НАТО на самит во Анкара во услови кога САД го зголемуваат притисокот за воените трошоци