Утрински Весник
Свет

Лекар во Белгија издал околу две илјади лажни ковид-потврди

Лекар во Белгија издал околу две илјади лажни ковид-потврди
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Белгија е уапсен лекар кој издал околу 2.000 лажни потврди за Ковид-19, соопштија денеска властите на таа земја.

Министерката за здравство на белгискиот регион Валонија, Кристи Мореал, изјави дека лекарот, ќе биде кривично гонет поради издавање лажни потврди за Ковид-19, пренесуваат агенциите.

Опишувајќи го случајот како „здравствен скандал“, таа рече дека потврдите се одземени и дека лицата инволвирани во измамата ќе се соочат со правни последици.

Преку потврдите се докажувало дека лицето е целосно вакцинирано, негативно на тест за коронавирус во последните 48 часа или дека прележало коронавирус во последните шест месеци.

Овој сертификат е потребен од почетокот на ноември за влез во ресторани, кафулиња, барови, спортски сали и други места во Белгија.

Можете да прочитате

Поранешниот премиер на Малезија осуден на уште 15 години затвор за скандалот 1MDB

Запленет танкер полн со нафта во Иран

Три жени беа избодени во париското метро