Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Лекар во Англија силувал 99-годишна старица во дом за стари лица, добил доживотен затвор

Лекар во Англија силувал 99-годишна старица во дом за стари лица, добил доживотен затвор
Img 7972

Здравствен работник во Англија е осуден на доживотен затвор откако бил фатен како силува 99-годишна штитеничка во оддел од старечкиот дом каде што работел.

Нејзиното семејство сето тоа беспомошно го следело преку скриена камера.

Филип Кери (48) признал дека ја нападнал жртвата во дом за стари лица во Блекпул, Ланкашир. Тој бил фатен откако семејството на 99-годишната жена поставило скриена камера во нејзината соба и го снимило неговото злоставување, пишува Дејли Мејл.

Кери беше осуден на доживотен затвор со минимална казна од 10 години.

Обвинителите за време на судењето изјавија дека семејството на старицата било загрижено кога нејзиното однесување наеднаш се променило. Таа не дозволувала физички контакт и ги молела роднините да не ја оставаат во домот бидејќи „некој ќе ја повреди“.

Семејството потоа поставило скриена камера во нејзината соба за да се обиде да открие што точно се случува. На нивен ужас, го виделе Кери како влегува во собата и ја силува старицата. Веднаш повикале полиција која го уапсила. Кери се изјасни за виновен пред судот откако обвинителите презентираа форензички докази и презентираа снимки.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот