Доктор Сара Готфрид открива како правилната исхрана (базирана на нашите хормони) може да им помогне на жените да ослабат засекогаш. Новата стратегија за губење на тежината не се фокусира на диета или ограничување на оброците: наместо тоа, методот се фокусира на јадење соодветна храна за вашите хормони.
Д-р Готфрид вели дека оваа тактика особено добро функционира кај жените што се обидуваат да ослабат засекогаш, без јојо-ефект, односно враќање на телесната тежина.
„Вашата храна всушност ги регулира вашите хормони“, вели Готфрид. „Значи, ако се обидувате да ги намалите калориите, на пример, да управувате со тежината, може да наидете на неуспех. Калориите се важни, но хормоните се поважни“.
Жените обично почнуваат да размислуваат за хормоните во своите 50-ти и 60-ти години, но треба да почнат да мислат на нив, особено во исхраната, на многу помлада возраст.
Докторката откри дека држела диета кога имала 40 години заедно со својот партнер. Тој ослабел 9 килограми, а таа се здебелила. Ова е причината зошто не треба да имаме ист метод за слабеење за двата пола, туку метод што е посебно наменет за жени.
Ова е затоа што се разликуваме. Имаме сосема различни нивоа на хормони, па затоа треба да јадеме на начин што им помага на тие хормони.
Протеините, како пилешко, лосос, ракчиња и школки, може да помогнат во балансирање на метаболистичките хормони.
За да одредите дали имате хормонална нерамнотежа, прашајте го вашиот лекар за спроведување едноставен тест на крвта што може да ги открие овие информации. За да го балансирате нивото на инсулин, хормон што помага да се регулира складирањето или согорувањето на маснотиите, лекарката препорачува зеленчук, брокула, кромид и храна, како авокадото, богата со здрави масти.
За здраво губење на тежината, препорачливо е да јадете што повеќе видови зеленчук неделно, а модриот патлиџан, тиквичките и пиперките се добри за хормоните бидејќи помагаат во балансот на инсулинот.
Овој зеленчук е исто така полн со растителни влакна и тие може да ни помогнат да се чувствуваме сити долго време. Протеините, како пилешко, лосос, ракчиња и школки, може да помогнат во балансирање на метаболистичките хормони, кои се од суштинско значење за губење на тежината.