Утрински Весник
Спорт

Левски бара УЕФА да го поништи вториот гол на Хамрун

Бугарскиот тим Левски од Софија испрати жалба до УЕФА и бара да се преигра нивниот натпревар против Хамрун. Клубот од Малта, Хамрун стана една од најголемите сензации во летните квалификации, успеа да го елиминира Левски по изведувањето на пенали и да се пласира во плејофот, во Конференциската лига.

dobivaj vesti na viber

Пласман во фазата по групи во најмладото натпреварување на УЕФА, Хамрун ќе брка преку белградски Партизан.
Левски и официјално поднесе жалба до УЕФА и бара реприза на натпреварот, тврдат дека вториот гол на противникот е нерегуларен.

Еден играч на Хамрун, се наоѓа на половината на Левски, кога топката поаѓа од центарот. Токму тој играч потоа добива топка и му асистира на Рајан Камензули. Неговиот гол на Хамрун му обезбеди продолженија. Тимот од Малта потоа на пенали избори место во плејофот.

Судијата Иштван Ковач од Романија го превиде тој детаљ, поради што Бугарите на зелената маса ќе се обидат да се спасат од срамната елиминација.

 

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина