Утрински Весник
Политички Партии

Левица поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Уставен суд-Сали Мурати

Левица поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Уставен суд-Сали Мурати

Правниот тим на партијата Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против поранешниот уставен судија-Сали Мурати од Гостивар, поради постоење основано сомневање дека сторил кривичното дело саботажа, како дело против државата, казниво по чл. 315 од Кривичниот законик, за кое е предвидена минимална казна затвор од четири години, информираат од Левицата.

„На пријавениот му се става на товар дека, како поранешно овластено службено лице (претседател на Уставниот суд на РМ), која функција ја вршел во мандатниот период од 2019 до 2021 година, свесно и злонамерно, занемарувајќи ги своите службени должности, на прикриен и подмолен начин, одбил ажурно да постапува по поднесена итна претставка Иницијатива У. бр. 51/2019 за оцена на т.н. „Закон за јазици“ и контроверзниот т.н. „указ“ за негово прогласување – без потпис на Претседателот на Републиката, иако тоа му била уставна и деловничка должност, и со тоа овозможил недозволиво одолговлекување до недоглед на постапката за оцена на уставноста и законитоста (која сè уште не е завршена!?), со тешко отстранливи штетни последици во праксата“, обаснуваат од оваа партија.

„Пријавениот се терети дека, на тој начин, сторил енормна политичко-правна штета на ниво на држава – овозможувајќи во правниот промет и сообраќај да стапи на сила т.н. „закон“ без потпис од шефот на државата, што е без преседан во нашата досегашна државно-правна историја! Со ова свое исклучително штетно дејствие, тој – занемарувајќи ја својата обврска како „чувар на Уставот и законите“, дополнително причинил и значителна имотна штета која се состои во тоа што сите стотици централни и локални органи и званични јавни институции, противуставно, биле приморани да ги сменат во двојазични своите официјални табли на кои се испишани нивните називи, потоа службените печати, штембили, меморандуми, коверти, интерни инсигнии, веб-сајтови и сл. – и на овој инсајдерски начин, со своето малициозно неделување и пропуштање службено дејствие, придонел да се оштети државниот буџет со апроксимативна сума од неколку милиони евра во денарска противвредност“, стои во писменото соопштение од Левицата.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт