Утрински Весник
Спорт

Лева го престигна Милер и се изедначи со Роналдо, Милер со гол го прослави јубилејот

Лева го престигна Милер и се изедначи со Роналдо, Милер со гол го прослави јубилејот

Томас Милер и Роберт Левандовски, ја обележаа синоќешната победа на Баерн против Волфсбург (4:0).

Милер го одигра 400.натпревар за Баерн, а Левандовски го урна рекордот на Герд Милер.

Томас Милер јубилејот го обележа со гол во седмата минута и асистенција во 57.минута, кога Упамекано го зголеми резултатот на 2:0.

Левендовски, во 87.минута, го постави конечниот резултата. Тоа беше неговиот 43.гол во Бундес лигата, во оваа календарска година. Полјакот го урна рекордот на Герд Милер поставен во 1972 година.
Во годината која полека изминува, Левандовски, вкупно постигна 69 гола. Успеа да го изедначи учинокот на Кристијано Роналдо од 2013 година.

Пред нив е само Лионел Меси и неговата неверојатна 2012 година кога постигна 91 гол.

> Лева го престигна Милер и се изедначи со Роналдо, Милер со гол го прослави јубилејот <

Можете да прочитате

Лазаров: Македонските ракометари денеска ќе имаат слободен ден

Заврши првата фаза на Европското првенство во ватерполо

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан со кодомаќинот Данска