Утрински Весник
Спорт

Левандовски ќе добие нови договор и поголема плата

Левандовски ќе добие нови договор и поголема плата

Роберт Левандовски нема да го напушти Минхен. Полјакот, како што тврди „Билд“, ќе е добие покачување на платата и ќе го продолжи договорот со Баерн.

Неколку недели, разни медиуми, шпекулираат дека Левандовски доколку не добие понуда да го продолжи договорот, кој му истекува во јуни 2023 година, ќе бара нов клуб.

„Билд“ го отфрла ова сценарио, пишува дека напаѓачот ќе добие нов договор до 2025 година.

Левандовски има годишна плата од 23.000.000 евра, а според новиот договор неговата плата ќе биде 28.000.000 евра.

Од почетокот на сезоната Левандовски има постигнато 29 гола во Бундес лигата и 12 во Лигата на шампионите.

> Левандовски ќе добие нови договор и поголема плата <

Можете да прочитате

Анчелоти: Нејмар е подготвен да ги одигра сите 90 минути против Шкотска

Мининални победи на Хрватска и Колумбија

Португалија убедлива против Узбекистан, Роналдо испиша историја