Утрински Весник
Спорт

Левандовски: Јирген Клоп ми е како втор татко

Левандовски: Јирген Клоп ми е како втор татко

Ѕвездата на Баерн Минхен и најдобриот фудбалер во 2020, Роберт Левандовски вели дека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го смета како „татковски лик“ откако двајцата склопиле блиско пријателство во Борусија Дортмунд.

Полјакот во својата колумна за „Плејерс трибјун“, вели дека Клоп му помогнал да стане подобар фудбалер, но и подобра личност.

„Можам да зборувам со Јирген за било што. Можам да му верувам. Тој е семеен човек и има толку многу емпатија за работите кои ти се случуваат во приватниот живот. Кога започна втората сезона со Борусија, не ми одеше најдобро, а исто така чувствував дека Јирген сака нешто од мене, но не сфаќав точно што“, почнува Левандовски.

Тој кажува еден пример кој ги сменил работите.

„По лош пораз од Марсеј во ЛШ, мислам дека загубивме 3:0, отидов кај не го и му кажав: ‘Ајде, Јирген. Мора да зборуваме. Кажи што очекуваш од мене’. Не се сеќавам што точно ми кажа, бидејќи тогаш не знаев најдобро германски, но сосема го разбрав. Се работеше за ментална работа и имаше некаква врска со мојот татко. Тогаш не размислував за тоа, но сега сфаќам дека тој разговор со Јирген беше таков каков што сакав да имам со мојот татко, кој почина додека бев тинејџер. Еден разговор каков што ми беше потребен“, додава Полјакот.

Клоп го донесе Левандовски за 5 милиони евра во 2010 година, по што имаа одлични четири сезони во кои тој постигна 103 гола во 187 меча, освојувајќи две титули од Бундеслигата и една од Германскиот куп.

„Јирген не беше само втор татко за мене, туку како тренер беше, да го наречам ‘лошиот учител’. Тоа во најдобра смисла. Кога бевте во училиште, на кого се сеќавате најмногу? Не на тој кој ти правел да поминеш лесно, туку на лошиот учител, кој беше строг со тебе. Кој ти поставуваше притисок да го извлече максимумот. Тој те направи подобар нели? Јирген беше таков“, завршува Левандовски.

> Левандовски: Јирген Клоп ми е како втор татко <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига