Утрински Весник
Спорт

Левандовски: Нов предизвик во кариерата

Dik 300x250 mk

Роберт Левандовски им се приклучи на новите соиграчи на подготовките во САД. Полјакот од Баерн пред неколку дена се пресели во Барселона.

dobivaj vesti na viber

Левандовски по осум години го напушти Минхен и потпиша четиригодишен договор со Барса.

„Среќен сум што сум тука. Доаѓањето во Барселона беше лесна одлука“, изјави Левандовски и дополни: „Ова беа долги денови“.

Еден од најдобрте напаѓачи во Европа пристигнува во редовите на Барса во време кога Каталонците се борат со финансиска криза.

„Барса се враќа. Мислам дека можам да му помогнам на тимот да се врати на врвот на Европа. Сакам да освојувам трофеи. Ова е ново поглавје за мене, нов предизвик”.

Двократниот добитник на „Златната копачка“ се радува на соработката со тренерот на Барелона, Чави Ернандез.

„Ова е голема можност за мене лично. Отсекогаш сум сакал да играм во Ла Лига и за голем клуб. Веќе разговарав со Чави, запознаен сум со неговите идеи. Тој беше одличен фудбалер и има голема иднина како тренер“, заклучи Левандовски.

Барса за 33-годишниот напаѓач плати 50 милиони евра. Шпанските медиуми тврдат и дека Барселона му платила на менаџрот Пини Захави 20 милиони евра за реализицијата на трансферот.

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен