Утрински Весник
Спорт

Левандовски: Меси и Роналдо се достојни да седат на маса со мене

Левандовски: Меси и Роналдо се достојни да седат на маса со мене
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Роберт Левандовски вели дека неговите перформанси во последните неколку сезони можат да се мерат со тие на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, откако ги победи двајцата за да ја освои ФИФА Бест наградата за најдобар фудбалер во изминатата сезона.

Меси има освоено шест „Златни топки“, Роналдо застана на пет, а оваа година наградата не беше доделена поради пандемијата на корона вирусот и во интервју со сопствениците на наградата, „Франс фудбал“, Левандовски вели дека не треба да има споредби, но се пофали со своите бројки.

„Меси и Роналдо седеа на иста маса, на врвот, долго време и тоа ги прави неспоредливи со другите. Затоа би го одговорил вашето прашање со тоа дека не можам да се замаислам покрај нив засега. И покрај тоа, ако ги земете бројките за оваа година и за претходните, мислам дека сум доволно добар според головите и перформансите. Затоа, бидејќи не сум на иста маса со Меси и Роналдо, можам да ги поканам да јадат на мојата маса“, вели Лева.

Иако на 32 години, многумина сметаат дека најдобрите години на Полјакот се зад него, тој вели дека не недостасува желба за успех.

„Постојано имам желба за прогрес, посебно сега, кога знам дека моето време е ограничено. Кога повторуваш нешто секој ден, можеш да ја мериш успешноста за три или шест месеци, не следниот ден. Луѓето сакаат инстант решенија, а трпението е важно и во фудбалот и во животот“, додава Левандовски.

> Левандовски: Меси и Роналдо се достојни да седат на маса со мене <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место