Утрински Весник
Спорт

ЛА Клиперс го прегазија Денвер

ЛА Клиперс го прегазија Денвер

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ги декласираа Денвер Нагетс со 120:97 во првиот натпревар од нивната полу-финална серија.

Уморниот Денвер од серијата со Јута, имаше сили само за една четвртина против ЛА Клиперс. Од финишот на првиот период до крајот на третиот Клиперси го контролираа натпреварот и ја зголемуваа својата предност.

Каваи Ленард го предводеше победникот со 29 поени, Пол Џорџ го следеше со 19 поени и седум скока. Кај Денвер најефикасен беше Никола Јокиќ со 15 поени и по три скока и асистенции.

Вториот натпревар од оваа серија ќе се одигра во нота помеѓу сабота и недела.



> ЛА Клиперс го прегазија Денвер <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД