Утрински Весник
Свет

Лајчак: Не беше залудна средбата меѓу Вучиќ и Курти во Брисел

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска оцени дека средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел „не била залудна“.

dobivaj vesti na viber

„Тоа беше значително поинаков круг. Имавме многу професионална, фокусирана дискусија со почит, но тие не се бореа, ги почитуваа визиите што и двајцата ги имаат и се свесни за разликите“, рече Лајчак во интервју за Би-би-си на српски јазик.

Во обид да се договори пред 1 септември, Лајчак прво доаѓа во Приштина, а потоа во Белград. Тој ќе биде придружуван од американскиот пратеник за Балканот Габриел Ескобар.

На прашањето за проблемот со регистарските таблички, Лајчак одговори во контекст на руската агресија врз Украина.

„Приоритет е да ѝ помогнеме на Украина во војната и тоа ги троши нашите капацитети, така што во ЕУ нема разбирање за евентуален конфликт на Балканот што би се водел за работи кои не се болни, итни, не чинат многу и не загрозуваат животи“, рече Лајчак.

Тој додаде дека „ЕУ разбира дека не смее да изгледа како да изгубила интерес и да ја сврти главата кон исток – затоа ни се потребни позитивни примери од регионот“.

На прашањето дали Заедницата на српските општини (СОМ) е политичко или правно прашање, европскиот преговарач вели дека има елементи и од двете.

„Договорот од Брисел е ратификуван во косовскиот парламент и тоа е законска обврска на Косово – правниот аспект е поголем од многу други договори постигнати во Брисел, кои не беа ни ратификувани. Политичкиот аспект е насекаде околу нас и нè спречува да ги спроведеме договорот“, рече тој.

Можете да прочитате

Орбан за приемот на Украина: Проширувањето на ЕУ не може да се базира на лицемерие и двојни стандарди

Трагедија на протестите во Непал – жива запалена сопругата на поранешниот премиер

Објавуваа за луксузниот живот на политичарите, па владата ги укина социјалните мрежи, како започнаа протестите во Непал