Утрински Весник
Економија

„Лајконет“ донира 10.000 евра за Министерството за здравство

„Лајконет“ донира 10.000 евра за Министерството за здравство

Скопје 11 април 2020 (МИА) – Независните маркетери на Lyconet (Лајконет) во државава донираа 10.000 евра од својата месечна заработка за потребите на Министерството за здравство и се солидаризираа со здравствените работници во борбата против коронавирусот.

-Средствата се префрлени на сметката на Министерството за здравство како своевидна поддршка на активностите кои се во насока на поефикасно и побрзо справување со епидемијата предизвикана од коронавирусот. Идејата e покрената и реализирана од страна на независните маркетери на Лајконет и со овој чекор, маркетерите ја изразуваат својата граѓанска одговорност, а се одлучија за овој хуман гест, бидејќи според нив, Министерството за здравство и борците во белите мантили се главниот столб од кои зависат животите на сите нас, соопшти денеска Лајконет.

Компанијата на сите здравствени работници да им посакува добро здравје и што побрзо справување со пандемијата на коронавирус, а на граѓаните во државава им порачува да останат дома и да ги следат препораките на надлежните институции.

Брендот Лаконет се занимава со мрежен маркетинг, основан е во 2014 година, а моментно брои повеќе од 1 000 активни независки маркетери само во нашата држава. Лајконет Македонија ДООЕЛ Скопје е членка на Лајконет Групацијата чие главно седиште се наоѓа во Виена, Австрија.лв/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска за МТВ: Пристапувањето во СЕПА ќе донесе заштеда од половина милијарда евра за земјите од Западен Балкан

УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот