Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Лајка вдоми кучиња од Германија, Белгија и Шведска

Лајка вдоми кучиња од Германија, Белгија и Шведска
Img 7972

ЈП Лајка вдоми кучиња од Германија, Белгија и Шведска.

Од Јавното претпријатие велат дека по успешната кампањаза вдомување на бездомни кучиња во нашата земја, мисијата продолжи во САД, а сега веќе и низ Европа.

„Миленикот треба да биде член од семејството и чувањето куче е сериозна одговорност. Затоа само оние кои се навистина подготвени да се посветат на истиот можат да се најдат на нашата листа на вдомувачи. Да вдомите куче од Лајка е највисок акт на хуманост, соработка и доверба во нашата институција. Награда за нашиот труд, пожртвуваност и посветеност. Од прв ден срцето на Лајка чука како едно на сите нас членови од тимот и секое едно куче кое го поминало прагот на прифатилиштето. Нашата работа менува судбини, спасува животи и допира до сечија душа. Нашите приказни се вистински, од скопските улици, тажни но со среќен крај. Нашето работно време нема време за чекање, празник, нема ноќ и викенд. Кај нас секое куче станува член на нашето семејство, кое од ден на ден расте и се зголемува“, велат од Лајка.

Досега Лајка има вдомено над 150 кучиња во земјава и во странство.

Можете да прочитате

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Доаѓа влажен бран во нашата Македонија, температурите повторно ќе паѓаат

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови