Утрински Весник
Спорт

Лацио сака да го продолжи договорот со Имобиле до 2024 година

Имобиле постигна 27 голови по 25 кола и го повтори рекордот во Серија А
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рим, 24 март 2020 (МИА) – Италијанскиот фудбалски Лацио има намера да го задржи лидерот на тимот Чиро Имобиле.

Според новинарот Николо Скира, римскиот клуб започнал преговори за продолжување на соработката со напаѓачот до 2024 година. На играчот ќе му биде понудена плата во висина од четири милиони евра годишно.

Лацио исто така сака да го продолжи договорот и со голманот Томас Стракоша до 2025 година за плата од два милиони евра годишно.

Триесетгодишниот Имобиле е предводник на стрелците во Серија А со 27 гола на 26 одиграни натпревари. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025