Рим, 4 април 2020 (МИА) – Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито ќе се сретне со тренерот Симоне Инзаги на средба на која ќе се разговара за нов договор за 43-годишниот фудбалски стручњак.
Договорот се очекува да биде со важност до јуни 2025 година. Платата на Инзаги е три милиони евра по сезона плус бонуси.
На 1 март Лацио се искачи на врвот на табелата во Серија А, откако го победи натпреварот од 26-то коло на италијанскиот шампионат против Болоња (2:0). Последен пат римскиот клуб беше во водство во лигата кога стана шампион во сезоната 1999/2000.
Во моментот на прекинот на Серија А, поради пандемијата, Лацио беше на второто место, еден бод зад лидерот Јувентус. зс/