Утрински Весник
Спорт

Лацио му нанесе болен пораз на Милан, местото во ЛШ одеднаш несигурно!

Лацио му нанесе болен пораз на Милан, местото во ЛШ одеднаш несигурно!

Хоакин Кореа постигна два гола за 3:0 победа на Лацио над Милан на „Олимпико“ за да ги исфрли „росонерите“ од топ 4 пласман првпат по подолго време и да ја направи завршницата на италијанската Серија А супер-интересна, барем за борбата од второто до четвртото место, откако Интер веќе може да ја прославува титулата.

Кореа уште во втората минута ја искористи катастрофалната грешка во одбраната на Милан за донесе 1:0 водство, а откако во финишот на првото полувреме им беше поништен голот на Лацари поради офсајд, Кореа во 51. минута ја осигура победата на „бјанкочелестите“, пред Чиро Имобиле во 87. минута да го комплетира „потопот“ на гостите.

Сега, погледот на табелата во Серија А е многу интересен. Интер се убедливо први со 79 поени, следува Аталанта со 68, па дури три тима со по 66 – Наполи, Јувентус и Милан, додека Лацио се шести со 61 (и натпревар помалку). Веќе Рома на седмото место е далеку со 55 поени. До крајот на шампионатот има  само уште пет кола!

Графика: Sofascore за Топспорт.мк



> Лацио му нанесе болен пораз на Милан, местото во ЛШ одеднаш несигурно! <

Можете да прочитате

Саутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата

Восочната фигура на Килијан Мбапе можеби е најдобрата фигура на фудбалер досега

Македонските одбојкари со пораз ги почнаа настапите во Европската златна лига