Утрински Весник
Спорт

Лацио го наградува Имобиле со нов договор и капитенската лента

Имобиле не тренира поради покачена температура
Dik 300x250 mk

Рим, 5 мај 2020 (МИА) – Лацио има намера да го награди Чиро Имобиле за неговата исклучително силна сезона со нов договор и капитенската екипа, пишува „Газета Дело Спорт“.

Напаѓачот сака да ја заврши кариерата во Рим, а клубот е подготвен да ја исполни неговата желба. Управата ќе му понуди договор до летото 2025 година, кога Имобиле ќе наполни 35 години.

Актуелниот капитен на тимот, Сенад Лулиќ ќе ја предаде лентата, штом договорот на 34-годишниот Бошњак ќе истече на крајот на сезоната.

Во овој шампионат, италијанскиот репрезентативец има импресивни 27 голови и 7 асистенции на 26 натпревари, учествувајќи во 93% од натпреварите на Лацио во Серија „А“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации