Утрински Весник
Спорт

Лапорта: Сакаме Дембеле да остане во клубот

Лапорта: Сакаме Дембеле да остане во клубот

Барселона не сака да се откаже од Усман Дембеле. Фудбалерот има договор со клубот до крајот на сезоната, досега ги одби условите под кои би потпишал нов.

Првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, се надева дека Дембеле ќе ги намали финансиските барања и дека ќе остане на „Ноу Камп“.

Францускиот репрезентативец е второто најскапо засилување во историјата на клубот. Во неделата, блескаше против Атлетик Билабо. Во победата 4:0, за само 23 минути постигна гол и забележа две асистенции.

„Неговиот договор не зависи од мене“, рекол Лапорта, алудирајќи на барањата што ги поставил пред клубот менаџерот на Дембеле.

Шпанските медиуми, во јануари, пишуваа дека менаџерот, бара годишна плата од околу 40.000.000 евра за својот клиент, плус дополнителен бонус кога за да го потпише договорот.

> Лапорта: Сакаме Дембеле да остане во клубот <

Можете да прочитате

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026