Утрински Весник
Спорт

Лапорта: Меси чувствува дека е измамен

Лапорта: Меси чувствува дека е измамен
Dik 300x250 mk

Започна борбата за претседателската функција во еден од најпрестижните клубови во светот на фудбалот, Барселона. Извесно е дека борбата ќе ја водат Карлес Тускетс и Жоан Лапорта.

Вчера Тускетс предизвика големо внимание со изјавата дека Барселона направиле грешка што не му овозможила на Лионел Меси во летниот преоден рок да го напушти клубот. Според него, клубот пропуштил шанса да заработи задоволителна сума на пари.

Денес, поранешниот претседател на Барселона, Лапорта, му реплицираше на Тускетс.

„Лео сака да остане во Барселона. Јас сакам тој повторно да биде среќен. Парите не се проблем, тој само сака да игра во екипа која ќе биде конкурентна со најдобрите тимови. Чувствува дека клубот го измами, тоа е неговиот проблем. Тој е победник, не може да гледа како секоја година некоја друга екипа победува во Лигата на шампионите“, рекол Лапорта и дополнил.

„Последен пат имав можност да разговарам со него во октомври. Благодарен сум му за се она што го има направено за Барселона. Сакам да остане во клубот“.

> Лапорта: Меси чувствува дека е измамен <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации

Кошаркарите на Пелистер ја извојуваа својата прва европска победа