Утрински Весник
Спорт

Лампард со свое видување зошто „Златната генерација“ на Англија не освои ништо

Лампард: Челзи може да биде успешен без нови засилувања
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лондон, 11 април 2020 (МИА) – Тренерот на Челси, Френк Лампард, зборуваше за неуспесите на „Златната генерација“ на националниот англиски тим. На почетокот на векот, во англиската репрезентација играа фудбалски sвезди како Лампард, Дејвид Бекам, Стивен Џерард, Мајкл Овен, Вејн Руни, Џон Тери, Рио Фердинанд и други. Сепак, репрезентацијата на Англија не го надмина четврт-финалето на ниту еден голем турнир.

– Делумно мора да се обвиниме ние самите. Сега кога сите ги завршивме нашите кариери, лесно е да се биде крајно искрен. Не можам да зборувам за целата група, можам да зборувам за себе. Што се однесува до мене … тоа е комплицирано. Да, се согласувам, имињата беа големи, можевме да направиме и повеќе. Игравме на секои две или четири години, не секоја недела. Со Челси беше можно да се поправи неуспешен резултат, со Англија беше невозможно да се поправи неуспешен турнир за следниот турнир. Отидовме на Шпанија, потоа се сретнавме со Германија, потоа ривал ни беше Бразил. Сите овие тимови, треба да се почитуваат.

Да, бевме способни за повеќе. Имаше турнири на кои моравме да продолжиме и тоа беше наша вина. Што се однесува до освојувањето на овие турнири, ова право автоматски не му се дава на никого. Ја пропуштивме нашата шанса. Горд сум на моите натпревари за Англија, никогаш не би ги разменил за ништо. Но, секој би сакал да оди подалеку и да освои нешто, изјави Лампард. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седлоски: Од тимот очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk