Утрински Весник
Спорт

Лампард сака да се ослободи од 8 играчи

Лампард: Челзи може да биде успешен без нови засилувања

Лондон, 27 февруари 2020 (МИА) – Не е само голманот Кепа Арисабалага мета на прогон од Челзи, пишува „Сан“.

Според британскиот весник, Френк Лампард сака да се ослободи од цели осум играчи во текот на летото.

На врвот на листата е најскапиот голман на светот, Кепа Арисабалага. Шпанецот не ужива доверба кај англискиот менаџер. Трансфер ембаргото на „сините“ опадна, а револуционерните промени се планирани за летото на „Стемфорд Бриџ“.

Зијех веќе е договорен од Ајакс за 40 милиони евра. Бен Чивел од Лестер и Јан Облак од Атлетико Мадрид ќе бидат приоритетни цели за новата сезона.

Маркос Алонсо и Емерсон се на трансфер листата, заедно со Курт Зума.

Од средината на теренот, Френки сака да се ослободи од Рос Баркли и Жоржињо.

Во нападот најмногу се зборува за заминувањето на Педро Родригез и Вилијан. Вториот има истечен договор и заминува по желба.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Роналдо му ја честита титулата на Спортинг

Стојоски собори државен рекорд стар 44 години

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот