Утрински Весник
Спорт

Лампард: Немаме испратено понуда за Хаверц

Лампард: Фудбал е фудбал, дури и без публика
Dik 300x250 mk

Лондон, 24 јуни 2020 (МИА) – Менаџерот на Челси ги коментираше постојаните шпекулации во врска со интересот на клубот за германскиот талент Каи Хаверц.

– Тој е врвен играч, но нема да коментирам играчи од други тимови. Немаме испратено никакви понуди, рече тој.

Утре „сините“ ќе бидат домаќини на Манчестер Сити, со надеж дека ќе направат уште еден чекор кон квалификациите за Лигата на шампионите. Лампард сподели дека нема проблеми со повредите во тимот. Со оглед на зафатениот циклус, се очекуваат ротации во екипата.

– Секој натпревар е можност да се види развојот на тимот. Против Вила беше убаво да се види карактерот. Против Сити сакаме да бидеме на ова ниво. Ние сакаме да ја намалиме разликата. Сити вложи многу напор во последните години”, изјави менаџерот.

Тој зборуваше и за Вилијан и Педро, кои ги продолжија своите договори за да ја завршат сезоната, но, најверојатно, ќе го напуштат клубот после тоа.

– Ние сè уште разговараме со играчите, особено со Вилијан. Се чувствувам уверен дека ќе остане. Продолжуваме да зборуваме и ќе видиме, додаде легендата на Челси.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони