Утрински Весник
Спорт

Лалана летово си оди од Ливерпул

Лалана летово си оди од Ливерпул
Ss2

Фудбалерот на Ливерпул, Адам Лалана веќе нема да настапува за шампионот во Премиерлигата откако играчот и клубот постигнале договор тој да се зачува од повреди затоа што веќе бара нов клуб.

Пред продолжението на сезоната, Лалана го продолжи договорот со „црвените“, но само до крајот на тековната сезона по што ќе биде слободен играч.

300x250 (7)

Иако Лалана му е на располагање на Клоп, Германецот не сака да ја загрози неговата иднина.

„Адам летово ќе го напушти клубот. Моментно имаме компликувана ситуација, но многу го почитувам и се е со него веќе договорено. Во добра форма е, тренира, се е во ред. Ако ни е потребна негова помош, тука е. Одкога сум тука тој е еден од најважните играчи на клубот и му посакувам се најдобро во продолжението на кариерата. Мислам дека тој е тука веќе легенда“ – рече Клоп.

Лалана во Ливерпул дојде во 2014 година од редовите на Саутемптон.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари