Утрински Весник
Спорт

Лазаров и Нант безмилосни против Загреб, ПСЖ го декласираше Кјелце

Лазаров и Нант безмилосни против Загреб, ПСЖ го декласираше Кјелце
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новиот македонски селектор, Кирил Лазаров му даде три гола на својот поранешен клуб ППД Загреб за Нант да стигне до 30:28 победа над хрватскиот клуб и да го остави без поен во ЕХФ Лигата на шампионите оваа сезона.

Иако во поголемиот дел од мечот исходот беше неизвесен, францускиот клуб на крајот стигна до победа со два гола разлика за да се доближи до борбата за првите четири места во групата Б. Ветеранот Валеро Ривера повторно беше најдобар за Нант со 10 гола, Адријан Фигуераш додаде шест, додека за Загреб, Матеј Хрстиќ со 5 гола беше најефикасен.

Пари Сен-Жермен пак, со 37:26 го растури лидерот во групата А, Кјелце, доминирајќи во текот на целиот натпревар за конечно да се вратат во добра форма. Лук Стаинс и Микел Хансен постигнаа по шест гола за тимот на Раул Гонзалес, додека за Кјелце, Шимон Сицко заврши со шест. Кјелце останува лидер на групата со 15 поени пред Флензбург со 15 и ПСЖ со 12.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

Пари Сен-Жермен – Кјелце 37:26 (19:10)

Табела: 1.Кјелце 17, 2.Флензбург 15, 3.ПСЖ 12, 4.Мешков 11, 5.Пик Сегед 10, 6.Порто 8, 7.Елверум 5, 8.Вардар 4

ГРУПА Б

Кил – Алборг 28:26 (15:15)

Нант – ППД Загреб 30:28 (13:14)

Табела: 1.Барселона 24, 2.Веспрем 17, 3.Алборг 12, 4.Мотор 12,  5.Кил 11, 6.Нант 10, 7.Целје 6, 8.Загреб 0

> Лазаров и Нант безмилосни против Загреб, ПСЖ го декласираше Кјелце <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност