Утрински Весник
Македонија

Лажна вест е дека Владата купила пет џипови Мерцедес Г класа

Лажна вест е дека Владата купила пет џипови Мерцедес Г класа

Изутринава портпаролот на Владата на својот Твитер профил соопшти дека лажна вест е споделуваната информација на социјалните мрежи дека Владата го обновила возниот парк со пет џипови Мерцедес Г класа.

„Владата никогаш не објавила, ниту склучила договор за ваква јавна набавка. Податокот е лесно проверлив на веб страната на Бирото за јавни набавки. Станува збор за целосна фотомонтажа“ напиша портпаролот.

Инаку информацијата е споделена на Фејсбук страницата „Приказни од булеварот“ и во моментов има над 60 коментари и 15 споделувања.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Приведени 16 возачи, девет возеле без положен возачки испит

Финансиската полиција отвори предмет за сомнителен капитал во медиумите – АВМУ запре промена на сопственост на телевизија и радио

Мицкоски: Туристичкиот развој на Берово е еден од приоритетите на Владата, во подготовка закон за туристички развојни зони