Голманот на италијанската репрезентација и на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарума е добитник на наградата „Лав Јашин“ како најдобар голман во изминатата сезона, откако со италијанската репрезентација стигна до титулата од Европското првенство, а помогна и неговиот претходен клуб, Милан да се врати во Лигата на шампионите.
Во изборот на „Франс фудбал“, Донарума ги победи голманот на Челси и на Сенегал, Едуар Менди, додека трет беше словенечкиот чувар на мрежата на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Ова е второ доделување на оваа награда, откако во 2019 година тој отиде во рацете на бразилскиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер.
The 2021 #tropheeyachine is… @gigiodonna1 ?? of @PSG_inside ! #ballondor” pic.twitter.com/IVGmTkEvr7
— Ballon d’Or #ballondor (@francefootball) November 29, 2021
> „Лав Јашин“ за Џиџио Донарума, најдобриот голман на светот <