Утрински Весник
Свет

Лавров: Тешко е сериозно да се сфати Зеленски, едно зборува, а друго прави

Лавров: Тешко е сериозно да се сфати Зеленски, едно зборува, а друго прави
Dik 300x250 mk

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека политичките активности на украинскиот претседател Володимир Зеленски тешко е да се сфатат сериозно, бидејќи, како што вели, неговите зборови се разликуваат од неговите дела.

„Кога, на моја голема тага и срам, претседателот Зеленски изјави дека не може да биде нацист кога има еврејско потекло, а тоа го вели во деновите кога Украина се повлекува од договорот за заштита на спомениците на хероите на големата татковинска војна – таков беше договорот во рамките на ЗНД, дури и кога тој лично беше покровител на трендовите што ги споменав, едноставно ми е тешко сериозно да ја сфатам политиката на украинското раководство“, ја цитираат агенциите неговата изјава.

Според министерот, зборовите на Зеленски често се разликуваат од неговите постапки.

„На ист начин, во раната фаза на неговите претседателски овластувања, дури и кога играше во театар и снимаше серии, на сите можни начини, уверуваше дека не ни помислувал да ги загрози правата на рускиот јазик. Ве молам – животот докажува чиј збор колку вреди“, нагласил тој.

Претходно, Лавров во интервју за руски медиуми рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да го турне американскиот лидер Џо Бајден во конфликт со Русија преку американскиот Конгрес.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп