Утрински Весник
Свет

Лавров пречекан со традиционално јадење со кисело млеко

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е во работна посета на Монголија.

dobivaj vesti na viber

На аеродромот во Улан Батор рускиот дипломат беше пречекан со традиционално јадење со кисело млеко наречено арул, кое наликува на суво сирење. Веднаш по излегувањето од авионот, Лавров бил пречекан од девојки во национални носии, кои му понудиле да проба традиционално монголско јадење.

Лавров во текот на денот ќе разговара со шефот на монголското МНР, Батмун Батчег.

Се очекува министрите детално да разговараат за клучните прашања од билатерално значење, како и за текот на исполнувањето на договорите на повисоки нивоа за натамошен развој на соработката во трговско-економската, транспортно-инфраструктурната, енергетската и хуманитарната област, како и зајакнување на меѓусебната соработка на меѓународната сцена и во регионалните прашања.

Покрај тоа, Лаврова ќе биде примен и од највисокото политичко раководство во земјата.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка