Утрински Весник
Свет

Лавров: Почнува следната фаза од специјалната операција

Лавров: Почнува следната фаза од специјалната операција

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска го најави почетокот на следната фаза од руската специјална операција за заштита на Донбас.

Лавров за „Индија тудеј“ посочи дека руската, како што ја нарече, специјална операција има за цел целосно ослободување на републиките Донецк и Луганск, пренесува „Известија“.

„Оваа операција ќе продолжи, сега започнува следната фаза од специјалната операција. И ми се чини сега ќе биде важен момент од оваа специјална операција“, рече шефот на руската дипломатија.

Можете да прочитате

Околу 40 убиени во нови напади на израелската војска врз цивили околу точките за дистрибуција на помошта во Појасот Газа

Три години живеел со телото на мртвиот брат, го нашле мумифициран

Седум лица загинаа во поплава во северен Пакистан