Утрински Весник
Свет

Лавров: Ние сме на почеток на нова ера

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретна со постојаните претставници на земјите-членки на Арапската лига, при што изјави дека светот влегува во „нова ера“.

dobivaj vesti na viber

„ Ние сме на почеток на нова ера. Зборувам за движење насочено кон вистински мултилатерализам, а не оној што Западот се обиде да го наметне“, рече Лавров на средбата, како што пренесуваат руските прорежимски медиуми.

Да потсетиме дека поради западните санкции наметнати на Русија по почетокот на војната во Украина, официјална Москва своето економско кормило го сврте во други правци, односно кон други земји.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови