Утрински Весник
Свет

Лавров: Лагите за Буча служат за саботирање на преговорите

Лавров: Лагите за Буча служат за саботирање на преговорите

По инцидентот во Буча, Украина се обиде да ги запре преговорите со Русија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Токму во моментот кога, во согласност со договорите од Истанбул, руската страна одлучи како гест на добра волја да ја деескалира ситуацијата на теренот, пред сè во регионите Киев и Черниговската област и три дена откако нашата армија го напушти градот Буча, таму беше организирана провокација за која се зборуваме денеска“, изјави Лавров на новинарите.

Според него, ова е направено со цел да се оттргне вниманието од преговарачкиот процес и од тоа што украинската страна се обидела да постави нови услови по средбите во Истанбул, пренесува „Интерфакс“.

Можете да прочитате

ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во Персискиот Залив

ОН: Израел намерно ги напаѓал децата во Појасот Газа

Италија од руските олигарси заплени милијарди евра, јахти и авиони