Утрински Весник
Свет

Лавров: Европската Унија не треба да применува двојни стандарди со мигрантите

Лавров: Европската Унија не треба да применува двојни стандарди со мигрантите
Dik 300x250 mk

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повика земјите од Европската Унија да избегнуваат двојни стандарди во решавањето на мигрантската криза во Белорусија на границата со Полска и Литванија.

„Потребно е во оваа ситуација да се избегнат двојни стандарди и да се користи вообичаениот пристап во однос на позицијата на луѓето од Европската Унија“, рече Лавров на денешната прес-конференција.

Рускиот министер нагласи и дека оваа криза произлегува од политиката што земјите од НАТО и ЕУ со години ја водат на Блискиот Исток и Северна Африка.

Полската полиција денеска објави видео на кое се гледа како група мигранти кампуваат од белоруската страна на полската граница во текот на ноќта.

Ваквата ситуација уследи по неколкудневните засилени тензии на границата, каде што поголема група мигранти, главно од Блискиот Исток, се обиделе да упаднат во Полска.

Мигрантите се претежно од Ирак и Сирија, иако некои дојдоа од Африка, искористувајќи ја можноста да влезат во Европа преку нова мигрантска рута.

Повеќето се обидуваат само да поминат низ Полска за да стигнат до Германија или други западноевропски земји.

Полска доби силни сигнали за поддршка и солидарност од земјите-членки на ЕУ и САД додека се соочува со граничната криза.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно