Утрински Весник
Свет

Лавров го напушти Г20 состанокот, останатите лидери не сакале да се на иста фотографија со него

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров го напушти состанокот на Г20 водечки економии во Индонезија откако на своите колеги им рече дека руската инвазија на Украина не е одговорна за глобалната криза со гладот и дека санкциите смислени да ја изолираат Русија претсавуваат објавување војна.

dobivaj vesti na viber

Лавров го обвини Западот велејќи „Ако Западот не сака преговорите да се одржат, а сака Украина да ја победи Русија на бојното поле, тогаш можеби нема за што да се разговара со Западот“ – пренесува „Гардијан“.

Рускиот дипломат кој седел меѓу Саудиска Арабија и Мексико на состанокот обвини дека се врши притисок на Украина „да користи свое оружје“ во борбите. Лавров го напушти состанокот кога го започна својот говор неговата колешка, Германката Аналена Бербок.

Таа подоцна изјави дека „Лавров поголемиот дел од преговорите ги поминал надвор од просторијата“ и напомена дека во просторијата расположението било „19 наспроти 1 против руската инвазија“.

Лавров тврди дека дошол на Бали за да добие впечаток како „Западот дише“.

Голем дел од состанокот помина во напорите Русија да се убеди да дозволи извоз на залихите од украинското жито.

Западните лидери одбиле да се придружат на групната фотографија на која бил и Лавров, но рекле дека нивното присуство на состанокот покажало дека се подготвени да ги изнесат своите аргументи.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот