Утрински Весник
Свет

Лавров го информира Париз: Киев одбива да ги почитува договорите од Минск

Лавров го информира Париз: Киев одбива да ги почитува договорите од Минск

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во телефонски разговор со неговиот француски колега Жан-Ив Ле Дриан, изјави дека украинските власти продолжуваат со вооружените провокации во Донбас, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

Имајќи ја предвид ситуацијата во југоисточна Украина, Лавров го истакна недостатокот на напредок во решавањето на украинскиот конфликт поради „упорното одбивање на властите во Киев целосно да ги почитуваат договорите од Минск, вклучително и директен дијалог со претставниците на Доњецк и Луганск, одредување на специјалниот статус на Донбас во Украина“.

– Беше нагласено дека Киев, со попустливоста на Париз и Берлин, кои учествуваат во „нормандскиот формат“, демонстративно одбива да ги исполни своите обврски од пакетот мерки од Минск и продолжување на вооружените провокации – се нагласува во соопштението на руската страна.

Според француското Министерство за надворешни работи, министерот за надворешни работи на Франција во разговор со Лавров „изразил длабока загриженост поради ескалацијата во источна Украина во последните денови“.

„Екстремно високиот број на прекршувања на примирјето забележани од мисијата на ОБСЕ е во спротивност со обврските преземени за време на неодамнешната размена на мислења во нормандискиот формат“, се вели во соопштението на француската страна.

Францускиот министер учествува на Минхенската безбедносна конференција.

За утре е најавен телефонски разговор меѓу претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон.

Можете да прочитате

Американски војник осуден на 14 години за обид да и помогне на Исламска држа

Жена без искуство во летање приземјила авион откако нејзиниот сопруг доживеал срцев удар

Трагедија во Шпанија: Цело семејство загина во пожар поради мобилен телефон