Утрински Весник
Свет

Лавров: Влезот на Финска и Шведска во НАТО нема да промени ништо значително

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека влезот на Финска и Шведска во НАТО најверојатно нема да промени нешто значително, со оглед на тоа што двете земји веќе подолго време учествуваат во воените вежби на Алијансата.

„Финска и Шведска, како и други неутрални земји, учествуваат во воените вежби на НАТО веќе долги години“, рече Лавров.

„НАТО ја зема предвид нивната територија кога планира воен напредок на исток. Така што веројатно нема многу разлика во тој поглед. Ајде да видиме како нивната територија се користи во пракса во Северноатлантската алијанса“.

Можете да прочитате

ФБИ ја обвинува администрацијата на Бајден дека „седела“ на докази за бомбите пред Капитол

ЕУ ќе ги поддржи албанските општини со фонд од 11 милиони евра

Вадефул: Германија не бара совети од САД за демократијата