Утрински Весник
Македонија

Лабораторијата во МАНУ потврди присуство на британскиот сој на корона вирусот кај 45 лица во земјава

Лабораторијата во МАНУ потврди присуство на британскиот сој на корона вирусот кај 45 лица во земјава
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во периодот од 1 јануари до 7 февруари годинава, во лабораторијата на ИЦГИБ (Истражувачки центар за генетско инженерство и биотехнологија) во МАНУ било потврдено присуство на мутираниот SARS-CoV-2 вирус од Велика Британија кај 45 примероци на брисеви од заразени лица. Како што соопшти Министерството за здравство, првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на 13 јануари 2021 во Охрид, и оттогаш неговата застапеност прогресивно расте.

„Во моментот оваа варијанта на вирус е најфреквентна во Охрид и во Прилеп, а е присутен и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес“, информираа од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека резултатите се базираат на скрининг на 400 пациенти кои биле дијагностицирани со SARS-CoV-2 во лабораторијата на МАНУ, како и на секвенционирање на цели геноми на вируси детектирани кај 50 пациенти.

„Анализите на МАНУ не утврдија присуство на британскиот сој на вирус кај вработени на Клиниката за нефрологија, каде за краток временски период беа заразени повеќе здравствени работници“, стои во соопштението на Министерството за здравство, од каде апелираат до сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките што се во интерес на заштита на здравјето на сите.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Има загинати во возилото што падна во Радика

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено

Тошковски: МВР со посебен план за претстојната зимска туристичка сезона во Маврово