Бостон, 18 јуни 2020 (/) – Компанијата Бостон динамикс денеска официјално почна со продажба на своето флексибилно и повеќенаменско роботско куче Спот кое чини 74.500 долари.
Кучето робот може да се нарача преку официјалната интернет-продавница на Бостон динамикс, а со купувањето, купувачот добива и две батерии, полнач, контролер за таблет, куќиште за роботи и куќиште за напојување.
– Планираме да произведеме околу илјада роботи Спот следната година, но можеме да го зголемиме производството зависно од побарувачката. Исто така, разгедуваме можности за продажба и во странство, изјави портпаролот на компанијата.
Бостон Динамикс го дизајнираше ова роботско куче така што да може, како што велат оттаму, да оди таму каде што другите роботи не можат. Благодарение на додатоците, Спот може да се конфигурира и како помошна машина во градежнички работи, следење на околината или во лаборатории за истражување. си/