Утрински Весник
Спорт

Кутињо нема намера да ја напушти Барселона

Кутињо нема намера да ја напушти Барселона

Фелипе Кутињо нема намера да ја напушти Барселона во зимскиот преоден рок. Најскапиот играч во историјата на Барселона има намера да се наметне кај новиот тренер Чави.

Кутињо, за чии трансфер Барселона издвои 160 милиони евра, во јануари 2018 година, сметал дека смената на тренерската позиција дошла во вистинско време за него.

Бразилецот има договор со Барселона до јуни 2023 година.

Пред две недели Кутињо предизвика скандал, кога одби да се загрева на натпреварот со Селта во Виго.

> Кутињо нема намера да ја напушти Барселона <

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026