Утрински Весник
Свет

Курц: Со милион вакцини „спутник В“ побрзо ќе се вратиме во нормала

Курц: Со милион вакцини „спутник В“ побрзо ќе се вратиме во нормала

Австрија е сè поблизу до склучување договор за набавка на руската вакцина „спутник В“, на што укажува и денешното соопштение на австрискиот канцелар Себастијан Курц на социјалните мрежи.

„Со милион дози ‘спутник В’ би можеле порано да се вратиме во нормала“, напиша австрискиот канцелар на својот фејсбук-профил.

Иако Европската агенција за лекови (ЕМА) сè уште не ја одобрила руската вакцина против коронавирус, Австрија очигледно одлучи да започне билатерална набавка.

Вчера во Виена беше потврдено дека се работи на набавка на еден милион вакцини „спутник В“ и дека првите испораки може да се очекуваат во април.

Курц порано рече дека единственото нешто што треба да биде важно во оваа борба е вакцината да биде ефикасна и безбедна, а не од каде доаѓа.

Дека договорот е близок, говори и најавата за денешната средба меѓу Курц и рускиот амбасадор во Австрија, Дмитриј Љубински.

Досега се водеа разговори со рускиот амбасадор без присуство на медиумите, а овој пат средбата беше најавена како настан што може да се снима и фотографира.

Во последните месеци Брисел критикуваше други земји, како што е Унгарија, за набавка на вакцини од Русија и Кина.

Можете да прочитате

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор