Утрински Весник
Свет

Курц: Нема да прифаќаме мигранти од Грција, Австрија ги донесува своите одлуки суверено

Курц: Нема да прифаќаме мигранти од Грција, Австрија ги донесува своите одлуки суверено

Австрискиот канцелар Себастијан Курц и рече на германската колешка Ангела Меркел дека Австрија нема да го следи патот на Германија во врска со приемот на децата бегалци од опожарениот грчки камп Морија.

Во изјава за печатот, Курц се осврна на острите критики на Меркел за неговото спротивставување на приемот на бегалците од грчкиот логор, нагласувајќи дека тој нема да го смени својот став.

„Австрија ги донесува своите одлуки суверено“, рече тој.

Тој рече дека тргнал од тоа дека многу европски земји нема да го следат патот на Германија и дека нема да примат бегалци од Грција во голем број.

Според него, Австрија во последните години прими голем број бегалци.

Курц посочи дека Австрија е трета земја најпогодена од миграцијата во ЕУ.

Исто така, додава тој, Австрија, по Шведска, прими најголем број деца.

Тој посочи дека само оваа година, 3.700 малолетни лица добиле азил во Австрија и изјави дека земјата се соочува со голем предизвик за нивна интеграција.

„Важно е прво да се интегрираат оние што се во земјата, пред да бидат прифатени нови“, објасни тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

Напаѓачот на Фицо призна вина