Утрински Весник
Свет

Курц: Западен Балкан да се врати високо на агендата на ЕУ

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата
Dik 300x250 mk

Во организација на австриската влада утре во Виена ќе се одржи конференција за Западен Балкан.

Домаќинот на состанокот, австрискиот канцелар Себастијан Курц, во изјава за медиумите од регионот рече дека неговата цел е со оваа конференција да го врати Западен Балкан на високо место на агендата на ЕУ.

„Западен Балкан е регион кој е важен за нас во Австрија, и за мене лично. Кога бев министер за надворешни работи, започнав да се залагам за тој регион и го продолжив тоа како канцелар“, рече тој.

Курц рече дека пандемијата на коронавирусот засенува многу теми и ги става во втор план, како и Западен Балкан.

„Главната цел на оваа конференција е да се подигне Западен Балкан на многу високо место во европската агенда. Ние сакаме да има посилен фокус на овој регион, како и тоа, сите изјави, разговори за европската перспектива, конечно да станат реалност “, објасни австрискиот канцелар.

Според најавата на австриската влада, на конференцијата во Виена ќе учествуваат премиерите на Србија, Црна Гора, Северна Македонија, на Босна и Херцеговина, косовскиот премиер и претставникот на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак.

Можете да прочитате

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск