Утрински Весник
Свет

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар Себастијан Курц верува дека вакцината за коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година.

„До следното лето, од денешна гледна точка, можеме да се вратиме во нормала“, рече Курц во изјавата за австрискиот јавен сервис ОРФ.

Тој не исклучи воведување на целосен или делумен карантин во Австрија.

Курц посочи дека има многу земји со значително поголем број на заразени лица, каде што училиштата и рестораните се повторно затворени и воведена е забрана за излез од регионот.

„Сакаме да го спречиме тоа во Австрија, ако е можно“, рече Курц.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонец уапсен на железничка станица во Виена – баран за напад со нож при зделка со дрога

Ерупцијата на Етна предизвика штета од околу 24 милиони евра во туристичкиот сектор на Сицилија

Гренланд го запира нафтениот проект на Трамп