Гостивар, 16 април 2020 (МИА) – Туристичкиот центар нема да ги враќа посетителите од други места, но пожелно е празничниот викенд да го поминат во сопствените домови. Пораката ја упатија од локалната самоупрва на Маврово – Ростуше како мерка за спречување на ширење на заразата, по состанокот на кризниот штаб за гостиварските општини.
Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовоски деновиве имал поплаките на постојаните жители кои искажале страв по најавите дека во нивниот регион ќе дојдат гости од градови кои се сметаат за жаришта на КОВИД19.
Првиот човек на општината смета дека нема начин како да им се забрани да доаѓаат на луѓето кои на територијата на општината имаат викендички и друг имот.
– Околу езерото има викенд населби чии сопственици се од други градови и нормално е тие да престојуваат во нив. Сепак доколку се решат да дојдат, апелирам да ги почитуваат мерките и забраните за движење и да потсетам дека полицијата врши редовни контроли на подрачјето, рече Куртовски.
Тој упати и апел до владините институции да ги разгледаат можностите да испратат припадници на армијата во обезбедување на државните карантини, затоа што, како што рече, на полицајците им е потребна дополнителна помош.
Во државните карантини во Маврово има 148 лица кои деновиве допатуваа од ризични земји.
Минатиот викенд на мавровоското крајбрежје имаше голема раздвиженост, а неколку стотина викендички беа отворени и со луѓе во дворовите. Хотелите и угостителските објкети во маврово се не работат како една од мерките на Владата. зм/бт/